Скопје,19.07.2019г. – Уреден по најнови светски трендови и највисоки стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Групацијата, Vip официјално го отвори реновираниот продажен салон во Штип со целосно нов концепт на уредување и интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.

Продажниот салон кој останува на досегашната локација, во центарот на градот, на улица ”Јосиф Ковачев” бб, на секој корисник му овозможува да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.

“Посакуваме добредојде на сите корисници кои сакаат да доживеат ново, модерно и технолошки напредно корисничко искуство. Продажниот салон е опремен со најсовремени дигитални алатки кои овозможуваат премиум корисничко искуство, во поддршка на дигиталниот начин на живеење. Со реновираниот салон на Vip, Штип доби модерно, урбано место каде сите корисници ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби”, изјави Елена Панова, директорка на одделот за маркетинг и продажба за приватни корисници во Vip.

По повод официјалното отворање, сите посетители на продажниот салон на Vip во Штип кои ќе склучат нов или го обноват договорот за своите услуги добиваат ексклузивна можност за набавка на одредени смартфони по намалени цени во периодот од 18.07.2019 до искористување на залихите.  

Со овој нов концепт на уредување на продажните салони, Vip уште еднаш ја покажува својата определба за постојано подобрување на продажните салони согласно современите комуникациски потреби на корисниците.

Ентериерното освежување на продажните салони на Vip ќе продолжи и во наредниот период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk  

Претходна статијаSamsung започна со масовно производство на првиот индустриски 12Gb LPDDR5 мобилен DRAM за премиум смартфони
Следна статијаInstagram го тестира криењето на бројот на „лајкови“ на објавите во седум земји