Денеска, 15 март, 2018, во Скопје, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Законските прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”. Настанот овозможи интерактивна дискусија во која се идентификуваа предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања и услови кои произлегуваат од законите за животна средина, со цел подобро бизнис опкружување.

На информативната сесија се презентираше краток осврт на постојните закони:

  • Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и
  • Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Учесниците беа запознаени со разграничените одговорности помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот од електронска и електрична опрема, со цел воспоставување на ефикасен систем за управување со отпадот, како и минимизирањето на негативните влијанија од отпадот од електронска и електрична опрема.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Претходна статијаСтудија: Лажните вести на Твитер се шират побрзо од вистината
Следна статијаYouTube ќе се бори против теории на заговор со помош на Wikipedia