При крајот на минатиот месец можевме да прочитаме дека BitTorrent е продаден на компанија од истиот град, Сан Франциско, за 140 милиони долари. Според информациите, компанијата TRON која работи во областа на блокчејн технологијата, е заинтересирана за технологијата која ја користи BitTorrent која е исто така децентрализирана и се темели на истите принципи како блокчејн.

Оваа недела оваа информација, односно овој договор, станаа официјални, а од BitTorrent ја информираа јавноста преку нивниот блог. Тие истакнуваат дека компанијата ќе продолжи да работи директно од канцелариите на TRON и ќе придонесува во развојот на оваа компанија која работи на еден од најголемите децентрализирани системи.

Идејата зад ваквите системи е да овозможат приватност на корисниците, но и безбедност во исто време, нешто што отсекогаш било целта на интернетот којшто во денешно време може да се каже дека ја изгуби таа битка со властите.

Технологиите како блокчејн овозможуваат шифрирана комуникација од целосно децентрализиран систем, па скоро е невозможно да се следи одредена комуникација, односно од каде таа доаѓа и слично.

BitTorrent технологијата е направена токму на овие принципи, а е достапна уште пред комерцијализирањето на блокчеј. Сигурно една ваква компанија, со своето знаење и искуство ќе има како да придонесе во развојот на ваквите системи.

Најавата е дека апликациите од BitTorrent, за кои се тврди дека имаат 100 милиони активни корисници, ќе продолжат да функционираат и нема да бидат прекинати.

Цената за која е продадена компанијата не е објавена, но TechCrunch тврдат дека се работи за нешто помала сума од претходно шпекулираната, односно дека се работи за 126 милиони долари, што пак е огромна сума за една компанија која никогаш и не успеа баш да влезе на пазарот како „класичен“ и стандарден бизнис.

ИЗВОРBitTorrent
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаWireless Charger Duo од Samsung ќе може да полни два уреди безжично во исто време
Следна статијаСкопските општини дел од проектот „Европска Зоолошка“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.