Мусала Софт прослави три години од формирање на канцелариите во Скопје. Дополнително, топ менаџментот на Мусала Софт ги отвори и новите, проширени простории на компанијата во Соравија. Компанијата во Скопје достигна околу 150 професионалци и продолжува да расте. Плановите на Мусала Софт, која во моментов има 550+ вработени на територијата на Република Бугарија и Република Македонија, е да се удвои до 2020 година.

„Ги следиме однапред зададените цели за удвојување на бројот на вработените на компанијата до 2020 година. Се сеќавам каде започнавме тука во Скопје и каде сме позиционирани сега! Гледајќи ве сите вас тука со заеднички здружени сили, знам дека ќе продолжиме да освојуваме високи цели.“ – изјави Делјан Лилов, Извршен директор на Мусала Софт.

„2018 година беше многу предизвикувачка за сите нас! Со заеднички напори и сили успеавме да се справиме со сите предизвици и успешно да ја завршиме годината. Благодарение на сите вас кои сте дел од Мусала Софт, успеваме да се движиме нагоре! Со заеднички напори и сили се справивме со сите предизвици, успешно  ја завршуваме 2018 и гледаме со амбиции кон 2019 година. “ – изјави Александар Убавков, Регионален менаџер на Мусала Софт, Македонија.

Тимот на Мусала Софт во Македонија работи на проекти за голем број од интернационалните клиенти на компанијата како: IBM, Experian, ESG и BMW, UGT, Home-IX (a Porsche investment company), VMware, OTP Group и др. Проектите на Мусала Софт се во најактуелните полиња: „Индустрија 4.0“ (Industry 4.0), „Паметни Домови“ (Smart Home) и „Автономни Автомобили“ (Autonomous Cars), „Големи Податоци“ (Big Data) и „Вештачка Интелегенција“ (Artificial Intelligence), „Облачни Интеграции“ (Cloud Integrations) и др.

Мусала Софт е една од најуспешните софтверски компании на територијата на Западен Балкан. Компанијата е специјализирана во доставување на софтверски услуги за светски познати мега-корпорации. Седиштето на Мусала Софт е во Софија, Република Бугарија, додека првиот и најголем интернационален развоен центар се наоѓа во Скопје, Република Македонија.

Претходна статијаНавики што ќе ви го подобрат денот: Пишување во дневник
Следна статијаПијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!