На претставувањето на новите MacBook Pro лаптопи, многумина очекуваа дека Apple ќе претстави и нов или пак подобрен iMac десктоп компјутер односно ново Mac Pro десктоп куќиште, но тоа не се случи. Тим Кук сепак најави дека Apple и натаму останува посветен на десктоп компјутерите и дека во иднина ќе има нови модели и иновации во овој сектор.

Сепак, барем според она што тој го кажа, Mac Pro компјутерот веројатно ќе замине во историја. Ова на некој начин разбесни многу професионални корисници, особено оние во светот на видео преработката, кои буквално се потпираат на Mac Pro компјутерот за својата работа.

Бидејќи овој компјутер, односно куќиште, е тешко надградлив, тие сега нема да имаат многу голем избор, односно ќе треба или да се префрлат на iMac, кој има многу послаби перформанси или пак да се префрлат на Windows.

Но, за поголемиот дел на корисници, iMac е главниот компјутер кој го користат за работа и затоа Apple тука планира да продолжи да развива нови идеи. Затоа, Тим Кук најави дека тие ќе продолжат да работат на подобрување на оваа линија на производи, која според него, во актуелната генерација е најдобриот десктоп компјутер кој Apple го направил досега.

Тој најави и дека десктоп компјутерите се стратешки за Apple, особено поради повисоките перформанси кои можат да ги понудат во однос на лаптоп компјутерите, како и поголем дисплеј и повеќе можности за поврзување.

Интересно е што овие изјави на Тим Кук доаѓаат по претставувањето на Surface Studio на Microsoft, кој направи вистински бум на пазарот на десктоп компјутери. Неретко во светот на технологијата, извршни директори или високи лица од компанијата, даваат изјави дека работат на нови производи, со цел да ги задржат инвеститорите но и корисниците во нивниот еко систем.

Што имаат „во ракавот“ сѐ уште не можеме да кажеме, но според се што има да понуди Surface Studio, ќе им требаат прилично голем број на иновации во овој сектор. Поточно, очекувајте тастатура со вграден Touch Bar и некаква подобрена можност за цртање, веројатно со некој дополнителен дисплеј.

Извор: The Verge, Mashable, CNET

Претходна статијаZUK Edge е 5,5 инчен смартфон со моќни перформанси и без рамка од страните на дисплејот
Следна статијаМисли, креирај и делувај преку VoiceUp