На Елон Маск веројатно не му е доволно што Tesla има проблеми со производството, а воедно има и неколку негови други компании, сега влезе и во производство на чипови. Поточно, неговото најмило чедо Tesla ќе почне да развива процесори за вештачка интелигенција, кои потоа ќе се користат за автопилот можностите на нивните возила.

Но, Tesla не само што развива нов чип за вештачка интелигенција, туку Елон Маск најави дека нивниот чип ќе биде најдобар во светот, што е особено храбра изјава ако се знае дека најголемите производители на чипови веќе се длабоко навлезени во развојот на ваков тип на процесори, како Samsung, Intel, Apple, Qualcomm, Nvidia итн.

Причината за храброста на Маск е што на чело на тимот кој го развива ваквиот чип на Tesla е Џим Келер, кој претходно имаше слични позиции во Apple и AMD и за кој се смета дека е еден од најдобрите луѓе во оваа област. Ова секако не гарантира успех, особено што времето за развој е премногу кратко, бидејќи конкуренцијата веќе најави системи за автономно возење во наредните две до четири години.

Ваквиот развој на настаните веројатно значи и дека Tesla ќе се откаже од чиповите на Nvidia, кои засега ги користи во своите возила како дел од Autopilot системот за автономно возење, кој работи само на автопат и отворени патишта.

Извор: ARS Technica, The Verge, Top Speed

Претходна статијаMicrosoft со нов патент за смартфон со двоен дисплеј и оптички напредна камера
Следна статијаЏони Ајви се врати на чело на дизајнерскиот тим на Apple