Има нешто мистично во џезот! Кога го слушаш може да ти се допаѓа или не, но дефинитивно си оставен со генералнo чувство дека тој е дел од некаква праматерија. Се прашуваш, можеби оние кои го свират и го чувствуваат толку силно се некакви посебни луѓе кои сѐ уште го слушаат звукот на БИГ БЕНГОТ и пробуваат да ни го интерпретираат преку нивните  инструменти. Тој ред во хаосот, таа спонтаност и импровизација ја носат во себе еклектиката на сѐ што постои.

Скопје во октомври е џез. И бавен и дождлив и брз и сончев. Милион нијанси на сите бои. Тоа е тој џез – саундтракот на улиците на нашиот град во есен. Палта, чизми, мантили, кратки ракави и старки. Ништо не е сигурно, ништо не е апсолутно. Градскиот метеж е Луј Армстронг. Дождот е гласот на Били Холидеј.

Не си прав скопјанец ако барем еднаш не си бил на џезот. Ако не си „паднал во несвест“ дека доаѓа некој стар човек кој свири гитара со два врата и се вика Џон Меклафлин, поранешен фронтмен на Махавишну Оркестра – бенд од „времето“ на татко ти што ти станал омилен. Драго ти е да ги фатиш сите тие музичари на залезот на нивната кариера а многу често и живот, драго ти е да слушнеш нови џезерски сили, драго ти е да собираш пари за карта, зашто Џез фестивалот е прекрасен подарок со традиција од Скопје за скопјаните.

Секоја година по некој изведувач што не можеш да го прескокнеш. Оваа година тоа е Турстон Мур, основачот на „Соник Јут“, и воопшто еден од главните на алтернативната музичка сцена.

Сета таа какофонија од звучни дразби е надополнета од долгогодишниот пријател и поддржувач на „Скопје Џез фестивал“ – Македонски Телеком кој приреди едно свое технолошки напреднато и волшебно музичко патување во рамките на Фестивалот.  Проектот под името „Звуците на Скопје “ е секако магично доживување, а истото можете да го погледнете во продолжение.

Аудио записи од „Звуците на Скопје” може да се симнат на следниов линк-https://soundcloud.com/user-509913340

Од 18-21 октомври, вљубениците во џезот во Скопје ќе ги имаат своите четири дена!

Претходна статијаЗапочнува NASA Space Apps Challenge 2018
Следна статијаSamsung Galaxy S10 Plus ќе дојде со голем 6,66 инчен екран?