Standard Cognition

Автоматизирани продавници се се’ уште апстрактна именка за просечниот македонски купувач. Меѓутоа, не така далеку на запад ваквиот концепт полека, но сигурно заживува. Малку подалеку на запад, во Санта Клара, Калифорнија, постои продавница која концептот на самопослужување го практикува до максимум.

Според пишувањето на TechnologyReview, во оваа продавница купувачите се самопослужуваат одбирајќи ги производите кои им се потребни. При напуштањето на продавницата таблет-компјутерот веќе знае кои производи купувачот ги одбрал и колку за нив е должен да плати.

Продавницата е тест-полигон на компанијата Standard Cognition. Принципот на функционирање се базира врз мрежа од камери оспособени со технологија која може да ги идентификува производите. На тој начин се создава револуционерно купувачко искуство. Нивната визија е ваквиот концепт да стане применлив комерцијално во наредните 6 месеци. Дополнително, како опција може да се воведе начин за автоматизирано плаќање, со што купувачот ќе може едноставно да ја напушти продавницата со испазарените намирници.

Иако ова звучи како сценарио од Sci-Fi жанр, многу брзо би можело да стане пракса. Познато е дека низа конкурентски компании од трговијата тестираат слични системи, меѓутоа сето тоа е се уште во почетна фаза. Како функционира продавницата на Standard Cognition, најдобро може да погледнете на видеото во прилог:

ИЗВОР 2Technology Review
Претходна статијаApple ја обајви датата на промоција на новите MacBook, iPad и iOS 12
Следна статијаОд денес официјално започнува продажбата на најновите Samsung Galaxy S9 и S9+ во Македонија