Макпетрол, како веќе докажана општеството одговорна компанија која е ориентирана пред се кон потрошувачите, и во 2019 година, четврта година по ред продолжува да ги наградува членовите на ВЕРНА програмата за лојалност. Оваа година продолжуваме со наградната игра под мотото „Со Верна полни и секогаш добиј“, во која ќе се доделат многу вредни награди.

Наградната игра започнува на 1ви Март, а ќе трае до 9ти Декември, 2019 година. Во тој период ќе се одржат девет редовни и четири мастер кола, како и едно финално коло.

Лојалните корисници на ВЕРНА картичката за лојалност ќе се здобијат со многу вредни награди. Со секои впишани од 10 до 19 поени на ВЕРНА картичката нашите потрошувачи се стекнуваат со една шанса за награда. Доколку пак, потрошувачите впишат 20 и повеќе поени во една трансакција автоматски добиваат 2 шанси за награда. Па затоа, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка!

Секој месец подаруваме лаптопи Dell, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга или Маврово, ваучери за гуми, ваучери за Лубекс моторни масла, ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна поени.

Главни награди што ќе бидат доделени во овогодинешната наградната игра се: косилка за трева Honda HRX 537 HY, скутер Honda SH150, четирицикл ATV  Honda TRX 500 FM, гумен чамец Highfield CL380 со мотор Honda 20 KS и приколка, како и фантастичната Honda HR-V 1,5 Elegance Navi.

Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска и поттик Макпетрол и понатаму да ги наградува своите верни корисници.

Оваа година повеќе од 155.000 корисници на Верна програмата се потенциални добитници. Со секојдневното зголемување на оваа бројка, расте и нашата мотивација за уште повеќе награди и изненадувања како симбол на благодарност за долгогодишната доверба и соработка. Затоа покрај оваа наградна игра ќе бидат организирани и неколку други кампањи и промоции наменети за членовите на ВЕРНА програмата за лојалност.

Оние потрошувачи кои сеуште не извадиле картичка ВЕРНА, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на своите податоци на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од најмалку 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Со Верна полни и секогаш добиј“.

Претходна статијаMotorola потврдија дека и тие работат на уред со екран кој се превиткува
Следна статијаLG G8 е смартфон од високата класа со главен акцент на можностите на предната камера и сензорите