Паметните домови стануваат составен дел од модерното живеење денес, едноставно затоа што го прават животот побезбеден и подобар. На пазарот секојдневно се појавуваат нови решенија, а овој тренд се очекува наскоро да стане секојдневие и во нашите домови.

Само со неколку уреди можеме да заштедиме електрична енергија, да ги координираме уредите кои веќе ги користиме, да ги нагодиме да го следат нашиот ритам на живеење. Кога нашиот дом станува паметен со помош на технологијата, ние добиваме повеќе слободно време за себе, за своите пријатели, за своето семејство, штедиме ресурси и градиме совесен однос кон животната средина.

Паметните сензори нè алармираат кога прозорецот или вратата на кои се поставени ќе се отвори, со нив вклучуваме и исклучуваме сијалици и со еден клик можеме да ги контролираме сите смарт уреди во домот.

Паметните ЛЕД сијалици, освен што штедат енергија, се нагодуваат според желбата на корисникот и тоа и според бојата и според интензитетот на светлината, а се вклучуваат и исклучуваат преку мобилна апликација. Безбедносната камера важи за еден од најкористените паметни уреди во домот, затоа што овозможува 24-часовен надзор, максимална сигурност и контрола на сè што се случува.

Решениeто за паметен дом кое ги вклучува паметните сензори, сијалиците и безбедносната камера е овозможени од Xiaomi и отсега е достапно во понудата на Македонски Телеком, за 1 денар со договор за фамилијарен буџет со две мобилни линии во Magenta 1 M. Повеќе информации на https://www.telekom.mk/smart-home.nspx

Претходна статијаБразилскиот национален фудбалски тим го доби овогодинешниот “Куп на Девет Вредности“
Следна статијаРСБСП: Пешаците и понатаму се една од најзагрозените групи учесници во сообраќајот