01.10.2018, Скопје – Како и досега, така и овој пат, за 6-от роденден на Скопје Сити Мол ве очекува гооолема забава, мноооогу награди и шооопинг лудило.

По повод 6-от роденден  обезбедедена е богатата роденденска програма, за сите посетители на Skopje City Mall, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 6ти до 7ми октомври со големи попусти.

Забавата започнува во петок со голема забава со Сашко Коцев од 18:00 до 19:30 часот.

А, во сабота започнува големото шопинг лудило од 10 часот. За најбрзите од вас, кои ќе направат шопинг ќе има шопинг ваучери во вредност од 600.000 денари. Секој кој ќе направи сметка од 3.000 денари ќе добие шопинг ваучер во вредност од 500 денари.За секоја сметка од 5.000 денари добивате шопинг ваучер од 1.000 денари и за сметка од 10.000 денари добивате шопинг ваучер од 2.000 денари.

Се што треба да направите е да дојдете на штандот и да ја прикажете сметката. Не заборавајте…. само НАЈБРЗИТЕ од вас добиваат. Затоа на 06.10 сите на шопинг… КОЈ РАНО РАНИ, ГРАТИС ШОПИНГ ГРАБИ! За секој од вас, обезбедени се и бесплатни коктели на штандот. Оние кои ќе успеаат да обезбедат вредносен шопинг ваучер ќе можат да го искористат и во недела. Посетителите ќе можат да уживаат и во мнооогу други активности како флеш моб во 14 часот, карикатурист кој ќе ве црта од 19 до 20 часот. А од 17:00 до 22:00 ќе ве забавуваат неколку наши познати бендови, кои со сигурност ќе направат незаборавна забава.

Во недела продолжуваат попустите, а на  програмата има ЛЕГО турнир од 12 до 14 часот, како и работилници за најмладите кои ќе траат до 19 часот. Има нешто и за оние физички најспремните, Fiт Games натпревар во Cross Fit од 12:00 – 16:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол.

Fit Games Competition е натпревар во кросфит фитнес. Натпреварот е од отворен тип, што значи дека може да се пријави секој што се чувствува спремен да ги тестира сопствените граници. Отворен е и за публика, па така оние што не се спремни за натпревар ги покануваме да дојдат да се забавуваат со нас, да им дадат поддршка на натпреварувачите и да бидат сведоци на сѐ она што може да се постигне со доволна желба и мотивација. Пријавување тука.

Но, денот не е завршен, најмалите ќе уживаат во Златно Славејче талент шоу. Од 18:00 до 19:30 часот секое дете ќе може да испее некоја песна со децата од Златно Славејче, а едно од нив ќе добие бесплатна песна од познатиот продуцент Александар Митевски за следниот концерт на славејчињата. Повторно има цртање на карикатури од 11 до 13:30 часот и од 18 до 19:30 часот. Забава за сите до бесвест!

Затоа, резервирајте си ги датумите за 6-от роденден на Скопје Сити Мол, и се гледаме.

Happy Birthday Скопје Сити Мол!

Претходна статијаЕлон Маск ја договори „казната“ поради неговиот непромислен „твит“ за приватзирање на Tesla
Следна статијаКондор – завера која им се заканува на милиони луѓе