misr-f

International Telecommunications Union (ITU) организацијата, која е дел од Обединетите Нации, оваа недела го издаде својот Measuring the Information Society Report 2016 кој го издаваат од 2014 година.

Извештајот го мери ИКТ напредокот во светот, поточно во 175 земји, со што се добива најдобрата и непристрасна слика и анализа за состојбите, како што истакнуваат од организацијата. Овој извештај се користи од страна на владите, меѓународните организации, банките и слично.

„За да донесеме повеќе луѓе онлајн, важно е да се фокусираме на намалувањето на генералните социо-економски нееднаквости“, изјави генералниот секретар Хоулин Жао. „Образованието и нивоата на приходи се силни детерминанти на тоа дали луѓето го користат или не Интернетот.“

Според податоците од извештајот за оваа година, 47,1% од луѓето во светот користат интернет, нешто што сепак се смета за недоволно висок процент со оглед на развојот на технологијата и пристапот до мобилните мрежи и интернет.

95% од светската популација живее во реони каде има пристап до мобилна мрежа, а дури 84% од нив имаат пристап до мобилен интернет.

Како што би се очекувало, најголем процент на интернет корисници има во развиените земји, каде процентот изнесува над 80%. Овој процент паѓа на 40% кај земјите во развој, а дури до 15% кај неразвиените земји.

Неразвиените земји се 20тина години зад развојот на развиените земји, кои ова ниво на интернет пенетрација кај граѓаните го имале во 90тите години.

Бројката на интернет корисници ќе продолжи да се зголемува, а главен фактор за тоа е се’ поголемиот број на корисници кои поседуваат мобилен телефон. Телефоните стануваат се повеќе достапни, односно со цени кои се пристапни и за посиромашните луѓе. Во денешно време, дури и најевтините телефони доаѓаат со можност за поврзување барем на 3G мрежа, ако не и на 4G.

Дополнително влијание во зголемување на бројот на интернет корисници има и падот на цените за мобилен интернет, а се разбира и месечниот лимит кој не ретко е неограничен во развиените земји.

Извор: ITU, Entrepreneur

Претходна статијаДве кинески компании ќе го претворат Чернобил во голема соларна електрана
Следна статијаСатја Надела: „Следниот смартфон на Microsoft ќе биде ултимативниот мобилен уред“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.