Елон Маск направи голема „фрка“ со неговиот tweet од пред некоја недела, кога најави дека планира да ја приватизира Tesla, а за таа цел има обезбедено средства. Компанијата се проценува на најмалку 70 милијарди долари, што значи дека ретко кој би можел да даде понуда за оваа компанија.

Работите да бидат уште почудни, група на инвеститори решија да го тужат Маск поради промените на пазарот којшто настанаа по неговата информација, тврдејќи дека тој ги нема обезбедено потребните средства како што тврди, што повлекува потенцијални кривични последици за него.

Тој по некое време излезе со информацијата дека средствата ги има обезбедено и дека тие се од суверениот фонд на Саудиска Арабија кои секако можат да си ја дозволат инвестицијата, а информациите говореа дека сакаат да почнат да инвестираат во работи кои не зависат само од нафта.

Сепак, според неофицијални информации од извори на Reuters, Саудискиот фонд не планира да инвестира во Tesla, а плановите се имаат променето во правец на инвестирање во конкурент на Tesla.

Се работи за американска компанија со кинески капитал, Lucid Motors и според информациите фондот би инвестирал 1 милијарда долари, значително помалку од тоа што би требало да го дадат за Tesla, пари кои за Lucid се повеќе од добредојдени.

Останува да видиме во периодот што следи што ќе се случува и што сето ова ќе значи за Елон Маск и Tesla.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Digital Trends
Претходна статијаНатпреварот Next Image за избор на најдобра фотографија направена со мобилен телефон продолжен до утре на полноќ
Следна статијаXiaomi го претстави POCO F1, првиот смартфон од нивниот нов под бренд
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.