Samsung ги објави бројките за приходите и профитот за третата четвртина од 2018 година и истите покажуваат дека на компанијата и оди одлично. Тие се рекордни за компанијата, односно се поголеми споредбено со минатата година, како и со почетокот на оваа, период кој исто така беше рекорден.

Приходите на Samsung во третата четвртина од оваа година изнесувале 57,5 милијарди долари, со што е постигнат профит од 15,5 милијарди. Се работи за зголемување од 20% од минатата година, односно 12% од првата четвртина од оваа година која исто така беше рекордна.

Она што нас секако не интересира е уделот во овие рекордни бројки на смартфоните од компанијата, а посебно најновите, односно тие претставени оваа година. Со тоа ќе може да се види и успехот на овие уреди во споредба со конкуренцијата, а овие информации ќе ги имаме при објавата на целосниот финансиски извештај во периодот што следи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft ја паузира October 2018 надградбата на Windows 10
Следна статија“Mobile Couture”: Прва модна колекција во светот креирана преку смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.