Во изминатите 13 години компанијата Самсунг е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платвормата, за кои Компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.

Со цел да им овозможи на потрошувачите дополнителна сигурност и да им покаже колку ја цени нивната верност, Самсунг подготви нови промотивни активности, со кои Компанијата овозможува продолжена гаранција од 5 години за “UHD“ и “QLED“ моделите на телевизори од 2017 и 2018 година, од сериите “М“ (“M“) и “Н“ (“N“). Исто така, покрај оваа гаранција од 5 години, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите “QLED“ модели плус моделите од сериите “М“ и “Н“.

Продолжената гаранција ќе може да ја искористат оние потрошувачи кои ќе купат од одбраните модели на Самсунг “UHD“ или “QLED“ ТВ уреди во период од 1. мај до 30. јуни, 2018 година.

За да може да ја искористат оваа поволност, потрошувачите треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk.

Сите заинтересирани, во рамки на оваа веб страна, може да ја погледнат деталната листа на уреди опфатени со оваа промоција, или да добијат дополнителни информации за истата јавување во Центарот за грижа за корисници на Самсунг, на следниот телефонски број: (+389 2) 3 207 777.

Претходна статијаДали банкротот на Cambridge Analytica е само ребрендирање на компанијата под друго име
Следна статијаFacebook се покажува како одлично место за запознавање на „екстремисти“ и ширење на мрежите