samsung-gear-s

За разлика од минатата година на MWC настанот, која што може да се наречен годината на паметните часовници, оваа година нив иако ги имаше, не беа до толку во пред план. Samsung, компанија кога што има најголем број на модели од паметни часовници годинава не претстави нов модел, што можеби ќе беше и премногу.

Со оглед на тоа дека не многу е ново во технологиите кои што се користат за паметни часовници, доколку Samsung продолжи да претставува нови модели со истото темпо, се поставува прашањето дали тие ќе носат нешто ново.

Од компанијата потврдија дека тие во наредниот период нема да претставуваат нови паметни часовници, односно дека таа активност ќе ја стават на пауза. Тоа се разбира не значи дека тие нема да продолжат да работат на нов модел, односно дека целосно го запираат развојот на овој вид на производи.

Информацијата доаѓа од Young-hee Lee, извршен потпретседател за маркетинг во компанијата во интервју за Wall Street Journal на MWC 2015. Таа изјавува:

Претставувавме повеќе уреди од било кој друг. Време е за пауза. Сакаме да направиме поперфектен производ.

Според некои, паузата се поклопува и со претставувањето на Apple Watch идната недела, часовник кој што се очекува да биде навистина популарен и да ги постави стандардите на пазарот. Другите компании може да чекаат да видат што ќе се случи по неговото претставување и да размислуваат за стратегии на одговор.

Извор: WSJ, TechRadar

Претходна статијаВидео: Како да повикам такси со новата Claxi апликација?
Следна статијаLenovo го претстави Pocket Projector
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.