Иако на светската сцена се познати како најголемите ривали, Apple и Samsung практично зависат едни од други. Еклатантен пример за тоа и во колкава мера се зависни едните од другите покажува побарувачката на OLED екрани.

Како што е познато, Samsung е водечка компанија во производството на OLED екрани. Таа технологија е особено популарна кај производителите на паметните телефони од новата генерација. Претставник на таа генерација е популарниот iPhone X на Apple. Па така, всушност едните ги произведува екраните кои ги користат уредите на другите. Сето тоа додека на пазарот се директна и најголема конкуренција.

Меѓутоа, слабата побарувачка, односно неуспехот на Apple да го популаризира нивниот знаменосец, популарниот X, се одразува на заработката на Samsung. Имено, за првиот квартал на годинава ќе го намали производството на OLED панели речиси двојно. Производството беше планирано да ги задоволи потребите на 40-45 милиони iPhone уреди. Меѓутоа фактичката состојба е дека ќе бидат произведени „само“ 20 милиони.

Ваквото намалување на производството нема да влијае премногу на гигантска компанија од тој ранг. Но, ниту една компанија нема рамнодушно да прифати загуба. Па така, информации велат, дека Samsung се интересира за пронаоѓање и друг клиент покрај Apple.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Nikkei Asian Review
Претходна статијаКако може да ни наштети вештачката интелигенција?
Следна статијаIntel претстави унапреден модел на GPU од 9тата генерација