Samsung е еден од производителите од кои се очекува најмногу кога се во прашање новите хибридни уреди со екрани кои се превиткуваат. Тоа воопшто и не е чудно со оглед на големината и пазарната позиција која ја има Samsung Display, делот од компанијата кој ги развива екраните.

Според информации од корејскиот ETNews, Samsung не планира да ја задржи ексклузивноста кога се во прашање овие екрани, исто како што беше и случајот со нивните одлични AMOLED екрани.

Тие веќе ги нудат овие екрани на дел од конкуренцијата, односно на конкуренцијата која не излезе на пазарот со најава со своја верзија од свитливите уреди.

Наводно Samsung веќе ги нуди овие екрани на Apple и Google, а дали тие планираат воопшто ваква соработка ќе покаже времето.

Apple веќе соработува со Samsung за екраните во своите најнови iPhone модели, а најмногу поради тоа што Samsung се меѓу ретките производители кои можат да го понудат бараниот квалитет на AMOLED екраните, но и бараната огромна количина.

Од Apple не е тајна дека бараат да го заменат Samsung како добавувач на екрани, меѓутоа тоа не оди така лесно како што би сакале од компанијата.

Од Apple исто така работат на уред со свитлив екран, а тоа во главно може да се види од поднесените патенти, меѓутоа досега не можеше да се види ништо поконкретно, па не е познато до каде се со планот за настап на пазарот со свој уред.

Инаку, првите уреди со екран кој се превиткува ќе ги видиме до ова лето. Samsung ќе настапи со својот Galaxy Fold, додека Huawei се исто така тука со одличниот и според некои, подобар, Mate X.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаМакедонскиот стартап Laika ќе го порази LinkedIn на Балканот
Следна статијаAMAZON WEB SERVICES влегува на македонскиот пазар и во регионот преку Семос Едукација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.