Tizen-Lockup-On-Dark-RGB

На ден пред почетокот на MWC 2014 (Mobile World Congress) конференцијата која ќе се одржи од 24 до 27 Февруари во Барселона, Samsung ќе претстави Tizen уреди на затворен настан. Tizen е оперативен систем базиран на Linux и развиван во главно од страна на Samsung и Intel. Истиот веќе неколку пати го надминува рокот поставен за негово претставување, па ќе биде интересно да се види на што е работено целиот овој период. Tizen оперативниот систем е планиран да работи на повеќе платформи, односно на паметните телефони, таблет компјутери, нетбук компјутери, возила, паметни телевизори.

Придружете се на Tizen Association Board во Сабота, 23 Февруари 2014 на приемот за добредојде и почетокот на MWC 2014. За време на овој само за поканети настан, ќе добите ексклузивен поглед на новите Tizen уреди како и можност да дознаете повеќе за главните точки на развој кои што ги има поминато Tizen проектот од минатата година.

Ве замолуваме да резервирате време од 15 – 18 часот на 23 Февруари 2014 во хотелот ARTS Barcelona каде што исто така ќе имате можност да ги слушнете и интервјуирате членовите на Tizen Association Board.

Tizen асоцијацијата е составена од оператори, производители, компјутерски компании од различни делови од светот. Истата е формирана за водење на индустриската улога на Tizen, вклучувајќи прибирање, идентификување и олеснување на сервис моделите, како и маркетирање и едукација за проектот.

Tizen_screenshot_en_original

Претходна статијаМожни промени на Office Web Apps
Следна статијаGoogle претстави рамки за Glass
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.