samsung-google

Samsung и Google долгогодишни соработници, а најмногу поврзани преку Android оперативниот систем, склучија договор за меѓусебно користење на лиценците од патентите што ги поседуваат овие две компании. Договорот е склучен за сите лиценци што ги поседуваат на светско ниво, а исто така важи и за сите патенти што ќе ги поднесат и добијат двете компании во наредните 10 години.

Samsung и Google им покажуваат на остатокот од индустријата дека повеќе може да се добие од соработка, отколку од впуштање во непотребни спорови за патентите.

–          Dr. Seungho Ahn, Главен на одделот за интелектуална сопственост во Samsung

Ова е интересен потег од страна на овие две компании, посебно откако се научивме да гледаме судски спорови кои често се водат во последните години помеѓу компаниите, а посебно помеѓу Apple и некоја од компаниите. Исто така актуелно е купувањето на компании само поради патент портфолиото кое го поседуваат, со што почнува трендот на акумулирање на патент лиценци на компаниите.

Извор: Samsung

Претходна статијаLenovo го најави новиот ThinkPad X1 Carbon Ultrabook
Следна статијаMicrosoft развива вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.