samsung-logo-event

Chang Dong-hoon е човекот кој што беше главен и одговорен за дизајнот на мобилните телефони во Samsung. Тој ја има понудено неговата оставка минатата недела, по што ќе биде заменет со Lee Min-hyouk кој што е потпретседател на овој сектор. Chang останува во компанијата и ќе остане да работи на дизајн на производите, само на ниво на целата компанија.

Овој потег на компанијата не е изненадување за повеќето кои што ги следат случувањата. Иако Galaxy S серијата е огромен успех од самиот почеток, Samsung добива голем број на критики за нивниот најнов модел, S5, кој што го задржа истиот дизајн и материјал на изработк со претходните 2 модели. Многу шпекулации кажуваа, а со тоа и корисниците очекуваа целосно нов дизајн на овој модел, а и конечно тргање на пластиката од употреба од овие скапи модели од високата класа.

Какви промени ќе донесе оваа одлука на Samsung останува да видиме во некој од наредните модели кои што се на ред за претставување. Исто така веќе подолг период се шпекулира за Premium верзија од S5 моделот, па останува да видиме дали навистина ќе биде претставена, како и дали ќе биде со различен дизајн и материјал.

Извор: Reuters

Претходна статијаMink: 3D принтер за шминка
Следна статијаVirtru сервис за енкрипција на email комуникацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.