SAMSUNG CSC

Лас Вегас, 5. Јануари, 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co. Ltd) на својата конференција за новинари на CES 2017, ја претстави својата визија за 2017 година – достигнување на уште поголем успех со овозможување на најдоброто искуство досега на своите потрошувачи преку широкиот спектар иновации. Клучните производи кои беа најавени ја вклучуваат новата линија QLED TV и ажурирањата на Gear S3 паметните часовници. Со овие иновации Самсунг ја демонстрираше својата лидерска позиција во откривањето на нови технологии кои навистина се вклопуваат во животите на корисниците на особен и интуитивен начин.

Покрај предизвиците, направивме и големи чекори во 2016 година, преку стекнувањето на удел на пазарот на ТВ уреди, апарати за домаќинство, геџети и паметни телефони. Слушајќи ги нашите потрошувачи и градејќи го нашето наследство од иновации, ја доставуваме нашата визија за иднината претставена преку поврзаните и елегантно дизајнирани производи и услуги во чиј центар секогаш се поставени корисниците“ – изјави Тим Бакстер im Baxter), Претседател и Главен Оперативен Директор на Самсунг Електроникс Америка.

Samsung QLED, новата иновација на телевизорите

Преку неверојатниот напредок во развојот на Quantum Dot технологијата, Самсунг го претстави 75 инчниот Q8C QLED телевизој, во кој е додаден нов метален материјал на quantum dot полупроводниците со нано големина со цел овозможување на совршен микс на светлина и боја кои моментално се достапни во екранската технологија. Резултат на ова е воодушевувачки големиот екран QLED TV, со неверојатно точни и прецизни слики кои можете да ги гледате од секој агол и во секоја средина.

Новиот QLED TV дава нова димензија на Quantum Dot технологијата преку напредната светлосна ефикасност, стабилност и досега најширокиот спектар на бои. Исто така, QLED TV има заштита на длабоките нивоа на црна боја и оптимално HDR осветлување од 1.500 до 2.000 nits. Новиот дизајн на панелите кај овој телевизор ја намалуваат рефлексијата, со што им се овозможува на корисниците да можат да го видат секој детал со неверојатни нивоа на контраст. Овие нивоа на перформанси на QLED TV се возможни без разлика на тоа каде седите, со конзистентна боја и квалитет на слика независно од аголот на гледање.

Новите дизајнерски елементи кои Самсунг ги воведува уште повеќе го подобруваат QLED TV искуството. Речиси невидливиот оптички кабел помага во решавање на проблемот со големиот број на кабли и нередот кој може да се најде во домовите до помош на елегантниот систем со еден кабел. Дополнителната опрема ја вклучува незадолжителната опција „No-Gap Wall Mount“, која овозможува монтирање на телевизорот поедноставно и побрзо. За сите оние кои сакаат повеќе стилски решенија кога станува збор за местото на поставување на ТВ екраните, Самсунг претстави две незадолжителни ТВ постолја – Gravity и Studio, кои ќе ги привлечат корисниците кои повеќе сакаат телевизори кои не се некаде монтирани.

Подобрено управување со уредот и содржината

Покрај новите телевизори, Самсунг исто така планира да овозможи унифицирано искуство за корисниците кои користат различни услуги и уреди. Минатогодишниот хит, One Remote, сега е подобрен за да може да поддржи уште повеќе уреди и нуди гласовни контроли преку преку повеќе Смарт ТВ карактеристики. Апликациите SmartView – достапни на Androind и iOS, им овозможуваат на корисниците да имаат сопствено SmartHub искуство на нивните телефони, како и да бидат известени за новите ТВ содржини, дури и кога ТВ уредот е исклучен.

Новина во Smart TV искуството во 2017 е услугата Samsung Sports. Оваа услуга ќе се погрижи фановите на спортот никогаш да не пропуштат ни момент од своите омилени спортски содржини.

Покрај ова, Самсунг ја најави својата најнова Lifestyle TV иновација, која нуди неверојатен, елегантен дизајн кој е направен на уметнички начин. Овој нов ТВ е дизајниран да се постави на ѕидот, опремен со невидлив кабел кој овозможува телевизорот да се закачи во било кој предел од домот и совршено да се вклопи во било кој животен простор. Lifestyle TV е добитник на наградата “2017 Best of Innovation Award” на CES 2017, и ќе биде претставен покасно оваа година.

Самсунг решенија за добар звук

Самсунг ја представи новата линија на аудио-визуелни производи, вклучувајќи го новиот SoundBar Sound + кој има вграден суб-вуфер, H7 бежично аудио и најнов UHD Blu-ray Player уред.

За повеќе информации, фотографии, видео материјали и други релевантни статии поврзани со Самсунг, посетете ја страната: news.samsung.com/global. Штандот на Самсунг на CES 2017 е со број #15006 и е сместен на Ниво 1 во Central Hall во Las Vegas Convention Center, и ќе биде отворен за посетители од 5 до 8. Јануари, 2017 година. Повеќе за CES 2017, можете да дознаете на www.ces.tech.

Претходна статијаASUS Maximus IX Hero ROG Z270
Следна статијаRazer Project Valerie е луд гејмерски лаптоп со три 4K дисплеи