Модерната технологија, со брз ритам постојано ни носи толку многу поволности што е тешко да го замислиме животот без истата – oд самиот мобилен уред во нашите раце до фрижидерот во кујната. Кога ќе го споредиме нашиот живот со тој на нашите родители или баба и дедо, многу лесно се воочуваат разликите од минатото и сега. Секој момент и година има свои предности, но сегашноста дефинитивно е период на големи иновации и уникатен технолошки развој.

Луѓето живеат брз и динамичен начин на живот во кој можат да се случат и најнеочекуваните работи во текот на денот, а што сè не за 5 години. За додатно да ни е олеснет животот, покрај иновативните технологии и трансформативните идеи, Samsung нуди 5 годишна гаранција на одредени модели на фрижидери, машини за алишта и правосмукалки. Тоа е период во кој едно дете полека го привршува периодот во градинка и веќе се подготвува за првиот школски ден.

Со секое купување на некои од фрижидерите, машините за алишта или одредени правосмукалки на Samsung од 2ри септември до 1ви декември 2019 година, добивате 5 години гаранција и безгрижност, затоа што Samsung верува во квалитетот на своите производи кој го нуди на своите потрошувачи со секој свој производ.

Фрижидерите на Samsung се одликуваат со многу иновации кои се создадени за да го олеснат модерното секојдневие. Намирниците секогаш ќе ни се при рака благодарение на напредните прегради и фиоките со максимален капацитет. Заедно со револуционерниот Triple Cooling систем не доаѓа до мешање на мирисите на различната храна во самиот фрижидер.

Воедно, самата No Frost технологија овозможува висок проток на воздухот и ладење во секој оддел и преграда, со цел намирниците подолго да ја задржат својата свежина без да има мраз на истите. Покрај сето тоа, Samsung ладилниците имаат едноставен дизајн и елегантност која вашата кујна ќе ја претворат во место во кое со задоволство ќе го поминувате вашето време.

Доколку сакате машина за алишта на располагање е Samsung QuickDrive™ со 5 години гаранција, доколку се купи од 2ри септември до 1ви декември 2019. Со неа ќе го преполовите времето на перење (и до 50%) и ќе го зголемите времето за вас и вашето дете и семејство. Со заштедата на време ќе ја намалите и потрошувачката на енергија (до 20%). QuickDrive™ има и Q-Drum™ барабан кој овозможува брзо, јако и нежно перење. Можеби најуникатната опција е AddWash™ вратата преку која може на многу едноставен и брз начин да се додадат заборавените алишта по стартување на циклусот. AddWash™ вратата се отвора само доколку температурата во барабанот е под 50°C.

На промоција се и одредени правосмукалки од Samsung кои се познати по својата напредна технологија, моќна работа и едноставно користење. Во поглед на едноставноста за користење се издвојуваат Samsung POWERbot правосмукалките, кои работат самостојно додека можат да се контролираат преку мобилниот телефон. Благодарение на Visionary Mapping технологијата самата правосмукалка го пресметува најефективниот пат за чистење, избегнувајќи препреки и обезбедувајќи извонредно чистење на домот.

Samsung POWERstick правосмукалките имаат тенок дизајн кој ви заштедува простор и време, а на промоција може да се најдат и правосмукалки со контејнер кои се едноставни за користење и чистење.

За да го остварите правото на 5 години гаранција (2 години фабричка и 3 години додатна гаранција) производот мора да биде регистриран најдоцна 60 дена од датумот на купување на www.samsung5godinigarancija.mk.

За дополнителни информации, обратете се на контакт бројот за корисничка поддршка, 02 3 207 777, (Се наплаќа согласно локалните надоместоци за воспоставен повик од фиксните и мобилните оператори) www.samsung.com/mk/support/, www.samsung5godinigarancija.mk или https://www.samsung.com/mk/offer/.

Претходна статијаИграј, зачувај и сподели моменти: Новиот Samsung Galaxy A30s
Следна статијаБезбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина