САД одат чекор понапред во економската и политичка војна која ја водат со Кина и со кинеските компании. Обвинувањата дека кинеските компании, вклучувајќи ја се разбира и најпознатата Huawei, соработуваат со кинеските власти и поради тоа тие кои ја користат нивната мрежна опрема ризикуваат шпионирање, пресретнување на комуникацијата и податоците и слично, продолжуваат уште повеќе.

Работите сега се стигнати до таму што од САД најавуваат дека ќе го ограничат пристапот на разузнавачки информации кои обично ги споделуваат со своите земји сојузници, доколку некоја од земјите ја користи мрежната опрема од Huawei.

Ова директно го „почувствува“ Германија која е во процес на надградба на своите мрежи на 5G и се разбира најчесто во светот изборот на компанија производител на ваква опрема е Huawei.

Амбасадорот на САД во Германија истакнал дека користењето на кинеските компании кои произведуваат мрежна опрема, како Huawei, би ги спречило САД да го задржат истото ниво на соработка со германските безбедносни агенции.

Германските институции сепак сметаат дека мрежната опрема на Huawei е безбедна, а тие тоа го имаат проверено преку пристап до кодот и хардверот на опремата.

Јасно е дека се работи за чиста политичка и економска војна. Земјата која беше откриено колку масовно ги следи, прислушкува и слично, своите и светските граѓани, водат цела кампања обвинувајќи го својот „непријател“ за истото.

Дека властите во светот би направиле се за да имаат пристап до информации за луѓето, е јасно веќе одамна. Меѓутоа тоа не значи дека секоја можна опрема е несигурна, а сигурно една земја не може да се издвои како „виновна“ за истото.

ИЗВОРWSJ
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаGoogle Chrome 73 донесува поддршка за медиа копчињата на тастатурите и темна тема на macOS
Следна статијаБез изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.