Shutterstock.com

Сигурно нема некој којшто не се заинтересира за вчерашната одлука на Google и уште неколку американски компании да ја прекинат соработката со Huawei поради тоа што оваа компанија беше ставена на листа од страна на властите. Листата е составена од компании кои според американските власти ја загрозуваат безбедноста на САД, па на сите американски компании им се забранува соработка со компаниите на оваа листа.

Иако Huawei соработува и со други компании, соработката со Google привлече поголемо внимание поради тоа што оваа компанија ја издава лиценцата за користењето на нивните апликации на Android, како Chrome, YouTube, Gmail, односно и самата продавница за апликации.

Google исто така издава и безбедносни надградби секој месец, нешто без кое корисниците на Huawei исто така би останале, барем кај новите корисници.

Ова секако би направило огромна разлика во продажбите на паметни телефони на Huawei, а посебно надвор од Кина каде и така тие не зависат од Google.

Министерството за трговија им издаде на Huawei привремена лиценца со што американските компании ќе можат да продолжат да работат со оваа компанија. Тоа ги одложува потенцијалните проблеми, меѓутоа само на краток период.

Лиценцата е издадена со важност од 90 дена, односно ќе престане да важи на 19 август.

Иако времето делува кратко, сепак се добива впечаток дека двете влади до тогаш ќе постигнат некаков договор, а ова секако делува како тактика во преговорите.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Министерство за трговија на САД
Претходна статијаВладата на Јужна Кореа планира да се префрли на Linux
Следна статијаПретставена нова генерација од Google Glass со подобри компоненти и Android основа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.