ouya-16gb

Успехот на новите играчи на мобилната сцена е можеби лесен, но е и тоа како тежок кај гејмерските конзоли, во што најдобро се увери Ouya, чија Android играчка конзола не успеа на пазарот и покрај ниската цена и ултра малите димензии. На помош сепак доаѓа Razer, производителот познат по гејмерските лаптопи, кој ја купи Ouya. Инвестицијата најверојатно изнесува околу 10 милиони долари, но се уште не се објавени официјални податоци.

Што ќе се случи со Ouya по купувањето од страна на Razer се уште не се знае, но голема е можноста купувачот да сака да ја употреби технологијата во свои производи. Razer веќе има свој Android TV Box, наречен Forge TV, на кој може да се играат и игри, но не е толку добро развиен како тој на Ouya. Целта на Razer е веројатно нудење на цел пакет за гејмерите, од PC машини и лаптопи, до Android конзоли за приклучување на големиот телевизор.

Ваквите случувања со сигурност ќе помогнат на Android да почне да гради база на корисници во светот на играчките конзоли, но се чини дека и натаму нема да можат да им зададат удар на Sony, Microsoft и Nintendo, особено поради квалитетот на игрите кои се нудат. Проблем е и недостатокот на дивелопери кои сакаат да развиваат игри за големиот екран, бидејќи во Android повеќе успеваат игрите како Candy Crush Saga, кои перфектно добро можат да се играат и на паметен телефон или таблет.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаXbox One полека но сигурно станува гејмерски компјутер
Следна статијаFacebook ја претстави Moments – Нова апликација за приватно споделување на слики