qualcomm

Ова е веројатно една од најголемите аквизиции во светот на технологијата воопшто – најголемиот производител на чипови за паметни телефони го купува најголемиот производител на чипови за мултимедијалните системи кај автомобилите. Големата зделка ќе чини фантастични 47 милијарди долари и би можела значително да ги промени работите во светот на чиповите.

Qualcomm го знаеме сите – скоро секој паметен телефон има нивни процесор или пак некој друг чип, како на пример за 4G конекција. NXP Semiconductors NV пак е најприсутен кај автомобилите – 14 од 15 автомобили имаат NXP чипови во мултимедијалните системи, а овој производител неретко произведува и за Apple (Motion Co-Processor) и има долга историја на производство на NFC чипови.

Купувањето на оваа успешна компанија од страна на Qualcomm може да има значителен импакт врз секторот, а особено во делот на автомобилите и автономната технологија. Со оваа зделка, Qualcomm ќе има инстант влез во секторот на автономни возила, кој ќе биде најпрофитабилен наредниве неколку години, особено што продажбата на паметни телефони и на останатите компјутерски уреди стагнира или опаѓа. Спојувањето на овие две компании оди уште подлабоко – со него, Qualcomm ќе навлезе подлабоко и во IoT секторот, кој исто така наредниве години ќе доживее голема експанзија.

Инаку, договорот за купување меѓу двете компании е веќе завршен, но тој сега треба да добие зелено светло од регулаторните комисии, што ќе се случи веројатно некаде во 2017 година.

Извор: Engadget, Reuters, Qualcomm

Претходна статијаSamsung ветува дека ќе го пронајде проблемот во запаливиот Note 7
Следна статијаНовите MacBook Pro лаптопи се потенки и имаат OLED лента над тастатурата, но немаат слот за SD картичка