Познатиот сопственик на Tesla, Елон Маск, го најави за септември претставувањето на новиот камион на иднината. Имено, се работи за камион од следната генерација и комплетно револуционерен пристап кон карго транспортот. Новиот Tesla „полу-камион“ ќе биде потполно електронски, а фотографијата која беше претставена не открива речиси никакви детали поврзани со изгледот и функционалноста на истиот, освен што може да се заклучи дека на изглед потсетува на традиционалните камиони кои веќе можат да се сретнат на патиштата.

Она што Маск го најави преку Twitter, пак открива, дека она што ќе направи разлика се намалените трошоци за карго транспорт и зголемената безбедност. Под зголемена безбедност, најверојатно се мисли на извесен авто-пилот мод кој ќе биде интегриран во новиот „полу-камион“.

Како што е познато, авто-пилот веќе поседуваат моделите Model S, X а наскоро и Model 3. Иако авто-пилотот се’ уште не нуди комплетно автономен систем за управување, сепак, нуди извесно ниво на асистенција при паркирање или управување на автопат.

Од компанијата се’ уште не откриваат податоци за цената, достапноста, капацитетот за карго транспорт, ниту пак за потенцијалната дистанца која камионот би можел да ја премине, освен што Маск потврди дека истиот ќе биде способен за „долги патувања“.

Извор: CNet, ZDNet, Twitter

Претходна статијаSamsung Z4 е првиот смартфон со Tizen 3.0
Следна статијаПокана за квалитетните компании во Македонија