7 мај 2018 година, Скопје :  Wizz Air, една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа и водечка  нискотарифна  компанија  во Централна и Источна Европа, ги откри  најновите податоци за авио сообраќајот и објави нов патнички рекорд  во историјата на компанијата. Повеќе од 30 милиони патници се превезени во минатиот  12-месечен период, нејзините операции ширум Европа се зголемени за 24% во споредба со истиот период минатата година.

Како дел од најголемата оперативна рампа во историјата на Wizz Air , започната  во почетокот на март, компанијата  додава вкупно 700 неделни летови и ќе добие испорака  на 21 Ербас  авион низ европските бази за само 17 недели.

За само осум недели, Wizz Air веќе лансираше 34 нови маршрути со ниски цени во својата мрежа  низ европа и инаугурираа три нови дестинации кои донесоа уште поширок спектар на дестинации со навистина ниски цени: Атина, Грција, Харков , Украина и австрискиот главен град, Виена.
Авиокомпанијата продолжува да инвестира и да го поддржува развојот на заедниците на кои им помага со стимулирање на пазарот и создавање нови работни места со осум ново распоредени авиони Ербас преку четири од нејзините бази во Обединетото Кралство, Полска и Унгарија.

Брзото проширување на операциите на Wizz Air носи одлични летови со максимален избор за своите клиенти и лесен систем за онлајн резервации, нудејќи можност за навистина незаборавни искуства во повеќе од 140 возбудливи дестинации низ цела Европа и пошироко.

Wizz Air ги охрабрува заинтересираните  клиенти  да го прослават брзиот раст со следење на #WIZZaroundEurope на социјалните медиуми за шанса да освојат возбудливи награди. Досега, клиентите на Wizz Air имаат освоено  повеќе од 15 ваучери на WIZZ во вредност од повеќе од 8.000 евра, давајќи им можност на среќните добитници  да ги истражат различните дестинации во мрежата на WIZZ.

“Ние сме горди што стигнавме до уште една значајна пресвртница во успешната приказна на WIZZ, со нов патнички рекорд во изминатиот 12-месечен период.
Повеќе од 30 милиони патници кои патуваат, или за  бизнис или на одмор, уживаа во одличните летови на WIZZ во нашата широка и разновидна мрежа ‘’  вели Сорина Рац, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.-

“Ние продолжуваме да бидеме една од најбрзо растечките авиопревозници во Европа, со силен и конзистентен двоцифрен раст секоја година   уште повеќе можности за нашите клиенти да патуваат по навистина најниски цени . Наша цел е да уживаме и да ве инспирираме да ја откриеме нашата европска мрежа, а екипажот на Wizz Air ќе биде подготвен да ви посака добредојде со насмевка “

Претходна статијаСТРИП на месецот: Evolution
Следна статијаДали сте подготвени да му плаќате на Facebook?