maxresdefault

Во првото тримесечје од оваа година, листата на најпродавани пет брендови на смартфони во светот според IDC доживеа неколку измени. Поточно, сега има два нови кинески производители кои се наоѓаат на четвртото и петтото место – Oppo и Vivo.

Интересно и покрај тоа што нас ни се чинат како помалку познати, Oppo и Vivo забележаа многу подобар настап на кинескиот пазар, кој е моментално најголем пазар за паметни телефони во светот. Причината за фантастичниот раст на Oppo и Vivo (+153,2%, +123,8%) во однос на Lenovo и Xiaomi е понудата на малку поскапи уреди.

gsmarena_001 copy

Делува чудно? Купувачите во Кина почнуваат да трошат се повеќе и повеќе за нови паметни телефони, односно сега просекот полека стигнува на околу 250 долари, каде Oppo и Vivo ги позиционираат своите модели од средно – високата класа. Лани, во Кина главно доминираа сегментите до 150, односно 200 долари, каде доминација имаа Lenovo, односно Xiaomi.

Останатиот дел од листата нема големи промени – Samsung сѐ уште е убедливо најпродаван бренд, додека втор е Apple. Сепак и двата доживеаја пад на продажбата, но Samsung само незабележливо, додека Apple дури 16,3% во однос на минатата година. Најпопуларниот кинески бренд Huawei пакпродолжува да расте со многу висока брзина – 58,4% во однос на истиот период лани.

Во поглед на вкупната продажба, во светот во првите три месеци беа продадени 334,9 милиони смартфони, што е благ пораст во однос на минатата година кога беа продадени 334,3 милиони смартфони.

Извор: GSM Arena, Forbes, IDC

Претходна статијаПрви фотографии од двата нови Android смартфони на Blackberry
Следна статијаUSB Type-C ќе ја замени 3,5 mm портата за слушалки во идните паметни телефони