51Kj1vQrxBL._SL1200_

Воздухопловните власти во САД, односно Федералната воздухопловна администрација (FAA) е во фаза на изработка на правилник кој што треба да го регулира и ограничи летањето на дроновите во земјата, пишува The Wall Street Journal. Информациите иако се’ уште неофицијални, се најверојатно точни кога ќе се земе во предвид комерцијалната продажба на беспилотните летала и проблемите кои што ги создаваат.

Достапноста на технологијата во денешно време е во главно добра работа која што го забрзува нејзиниот развој. Меѓутоа како и повеќето работи, тие имаат е својата негативна страна. Како што знаете, дроновите веќе не се летала достапни само за армијата која ги користи активно за своите потреби. Тие се достапни и во помали комерцијални форми наменети за купување од страна на обичните корисници.

Дроновите може слободно да се каже дека не се многу различни од авионите и хеликоптерите на далечински управување кои што беа популарни порано од групи на ентузијасти. Меѓутоа за разлика од нив, дроновите имаат пониска цена и со тоа се повеќе достапни за луѓето. Исто така, тие во главно доаѓаат со вградени камери што може да се каже дека целосно им ја менува нивната намена.

Дроновите не се користат во главно за аматерско летање на мали верзии од авионите, туку за играње од страна на разни луѓе кои што често сакаат да ги летаат леталата на разни локации каде што потенцијално можат да повредат некого.

Сепак дроновите не се користат само од аматери кои што главната цел им е да се „играат“. Тие се користат и за намени како на пример при снимањето на филмови, фармерите кои што ги проверуваат своите насади или животни, како и од одредени јавни претпријатија кои што ја проверуваат својата мрежа во земјата.

Според информациите, FAA планираат да воведат неколку правила кои што ќе се однесуваат на дроновите со тежина помала од 25 килограми. Корисниците на овие летала ќе мора да ги летаат до висина од најмногу 120 метри, да ги летаат само во текот на денот, како и да бидат во видното поле на тој што ги управува.

Се разбира ова веќе отвора дебата од потенцијалните проблеми кои што може да настанат поради трудење да се заштитат одредени ситуации од несовесни корисници на дронови. Најмногу проблем со ваквите правила би имале професионалните корисници кои што не ги користат своите дронови во ризични места и за обично играње.

Според информациите можно е едно од правилата за летањето на дронови да вклучува и потреба од полагање на тест за пилоти за добивање на дозвола за управување со некое од овие беспилотни летала.

Извор: TechCrunch, Wired, Reuters

Претходна статијаДемонстрирани повеќеслојни мемориски единици
Следна статијаKako Kiva роботите ја забрзуваат работата во магацините на Amazon
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.