Со почетокот на новата спортска сезона, Неотел ја надополни својата понуда со уште три нови канали – Спортклуб 4, Спортклуб 5 и Спортклуб 6. Каналите отсега се достапни во основниот пакет и без дополнителен надомест. Со ова, секој нов корисник на кој било од neoTrio пакетите добива можност да ужива во сите спортски содржини достапни на овие канали.

Збогатувањето на основната понуда на програми е соодветно на целите на Неотел на своите корисници да им понуди врвно спортско доживување во новата возбудлива сезона. Сите нови корисниците кои не сакаат да пропуштат ниту миг од спортските доживувања кои следат, сега може да земат еден од neoTrio пакетите и секојдневно да уживаат во богатата спортска програма достапна на Спортклуб каналите.

Пакетот neoTrio од Неотел, во себе вклучува нов концепт на интерактивна телевизија neoTV, заедно со неограничен интернет и бесплатна телефонска линија. Покрај неограничениот интернет и бесплатната телефонска линија, овој пакет нуди голем избор канали направени соодветно интересот на различните потреби и желби на гледачите.

Претходна статијаMotorola работи на смартфон дисплеи кои сами ќе се поправаат
Следна статијаApple спрема OLED телевизор од 60 инчи?