Клучниот период доаѓа по крајот на празниците, бидејќи на телото му е потребна целосна детоксикација по традиционалното консумирање на храна која вообичаено не се наоѓа на трпезата и најчесто знае да предизвика тегоби и мачини во стомакот.

Здравата исхрана е еден од главните предуслови за превенција на многу болести, па затоа нутриционистите препорачуваат да се обрне двојно поголемо внимание на секојдневното мени веднаш по завршување на празничниот период, со цел да се прочисти телото од токсините и непотребните калории. Најдобро би било да направите дневен план за деновите во јануари и да се придржувате до него, притоа користејќи здрави намирници и производи.

На зелениот чај не му е потребно посебно претставување. Се работи за одличен чај за детокс кој е полн со антиоксиданти и токму од таа причина се препорачува да биде застапен на дневното мени, дури и ако на вашето тело не му е потребно прочистување. Покрај чаеви, многу е важно да внесувате течности во текот на периодот на детоксикација, со цел да не му дозволите на телото да дехидрира. Ова е посебно важно доколку во изминатите денови пиевте алкохол и засладени пијалаци.

Во овој период клучно е да го лимитирате внесот на процесирана храна. По големото количество на шеќери, масти и тешки храни кои се консумираат во текот на празниците, најдобар начин да го вратите метаболизмот во колосек е одново да го навикнете на полесна храна која е пријатна за него. Сувомеснатите производи заменете ги со сезонски зелечнук, процесираните шеќери со овошје, а инстант оброците и брзата храна заменете ги со готвена домашна храна подготвена со природни намирници како ориз, компир, брокула, авокадо и моркови.

Напредоците во прехранбената индустрија овозможуваат целиот процес на детоксикација да биде значително полесен и побрз, што би требало да ги мотивира луѓето да бараат помалку оправдувања за да почнат да практикуваат здрава исхрана. Имено, лимоновата диета, која е комбинацијата од лимон, ѓумбир и јаворов сируп придонесува за прочистување на организмот и намалување на телесната тежина. А помеѓу оброците, со цел да го држите метаболизмот активен препорачуваме по еден Raw bar, создаден од сирови состојки, притоа обезбедувајќи балансиран нутритивен состав.

Грижата за вашето тело треба да трае во текот на сите 365 дена во годината, но важно е да знаете дека дури и доколку пропуштите неколку дена, можете да го исправите тоа со правилна и насочена детоксикација. На крајот од детокс-периодот, вашето тело ќе ви биде благодарно бидејќи се грижите за него и ќе ви возврати со дополнителна енергија, елан и виталност, кои ќе ви бидат клучни во напорниот период кој следува.

Претходна статијаCES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори
Следна статијаЗа ремек-делото A Marriage Story