Како изгледа работата на телевизија, што се случува во редакциите и какви сѐ живописни ликови работат на создавањето телевизиска содржина, многу реално и со голема доза на хумор и сарказам, ни долови серијата „Телевизиски работи“ (30 Rock). Наречена е според студиото на „Ен-би-си“ во Њујорк, „30 Rockefeller Plaza“, а емитувана е првпат во октомври 2006 година.

„Телевизиски работи“ може навистина да се пофали со импресивна статистика кога се работи за освојувањето награди. Со дури 103 номинации за „Еми“, таа најугледна награда на американската телевизија ја освои 14 пати. „Златен глобус“ доби за најдобра хумористична серија, а за да не влегуваме во подлабока статистика, накусо се работи за 145 номинации на наградата од струката и за 39 освоени награди.

Актерска постава што воодушевува

Зошто „Телевизиски работи“ е толку генијална серија можете веднаш да погледнете на Pickbox, но за нејзината популарност многу придонесе главната актерка и сценаристка Тина Феј, која во создавањето на серијата била инспирирана од сопствената работа како сценаристка и важна фигура во славната серија „Saturday Night Live“. Таа во серијата ја игра Лиз Лемон, продуцентка на шоуто. И останатата актерска екипа е исто толку сензационална.

Директорот на телевизијата, Џек Донахи, го толкува Алек Болдвин, двократниот добитник на „Еми“ и трократен добитник на „Златен глобус“, додека во улогата на социопатката Џен Маруни се наоѓа одличната Џејн Краковски, која во 2009 и 2010 година е номинирана за „Еми“, и тоа во категоријата за најдобра споредна актерка.

„Телевизиски работи“ прими и низа актерски ѕвезди, вклучувајќи ги Елејн Стрич, која во 2007 година е наградена со „Еми“ за улогата на мајката на Џек Донахи, и Тим Конвеј, награден со „Еми“ во 2008 г. Другите ѕвезди номинирани за наградата „Еми“ се: Алан Алда, Џенифер Анистон, Вил Арнет, Елизабет Бенкс, Стив Бушеми, Маргарет Чо, Мет Дејмон, Еди Фалко, Кери Фишер, Џон Хамон, Стив Мартин и Рип Торн.

Неколку интересни работи за серијата која навистина мора да ја погледнете:

  • Никој не очекуваше дека Алек Болдвин ќе ја прифати главната улога.
  • Џон Хам („Момците од Медисон“) многу ја сакаше улогата на Џек.
  • Сопругот на Тина Феј, Џеф Ричмонд, ја компонираше музиката за серијата.
  • Кога Опра гостуваше во серијата, ѝ кажа на Феј дека премногу работи и треба да се одмори.
  • Алек Болдвин за малку ќе ја напуштеше серијата во петтата сезона затоа што мислеше дека сценариото е премногу здодевно. Исто така беше и продуцент на третата сезона.
  • Џек и Лиз се единствените две улоги што се појавуваат во ама баш секоја епизода.
  • Ако некогаш сте се прашале на кој начин сериите наоѓаат идеја што да се стави во последната епизода, екипата на „Телевизиски работи“ се инспирираше од други серии и последни епизоди, како што е „Фрејзер“.
  • Можеби понекогаш сте помислиле „колку точно шеги и скечеви има по епизода во една серија“. Обожавателите пресметале дека во минута се кажуваат по околу 10 шеги.

Првите три сезони се достапни веднаш на http://www.pickbox.tv.

Претходна статијаBlackBerry ќе го претстави својот најнов телефон KEY2 на 7 јуни
Следна статијаSkyrider 2.0 е авионско седиште на кое патниците ќе седат во скоро стоечка позиција