Според информациите кои доаѓаат од The Wall Street Journal, PayPal изгледа дека сака својот веќе финансиски бизнис, да го прошири во повеќе традиционалниот бизнис на банките. Тоа ќе го направи преку издавање на сопствени дебитни картички кои ќе им овозможат на корисниците да вадат пари од својата PayPal сметка од банкоматите.

Со ова се отвара можноста да корисниците на PayPal немаат потреба од банкарска сметка, па доколку имаат извор на финансии кои ги добиваат на PayPal, сега ќе може овој сервис да го користат како замена за својата банка.

Оваа нова можност од компанијата веќе ја тестираат на ограничен број на корисници во САД, а за истото имаат направено соработка со неколку банки.

Може слободно да се каже дека со оглед на големината и работата на PayPal, не е воопшто чудно што тие ќе се обидат да го прошират својот „бизнис модел“.

ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаРеконструкција на детската занимална – Домот за деца без родители
Следна статијаCambridge Analytica изгледа има дојдено и до пораките од Messenger на дел од корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.