IMG_4416

  • Супер понуда на денот на отворањето-таблет Леново и Самсунг со попуст од 60 отсто
  • Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница на Бит-пазар во Скопје. Со реновирањето во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

На денот на отворањето на реновираната продавница на Бит-пазар, првите 100 посетители добија подароци. Дополнително, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

По реновирањето, Телеком продавницата на Бит-пазар овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците во реновираните Телеком продавници лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите.

Во среда, со почеток во 11 часот, ќе биде отворена и реновираната продавница во Тетово. Исто така, на денот на отворање на оваа продавница предвидени се подароци за првите 100 посетители, а ќе важи и понудата со која сите заинтересирани корисници ќе можат да купат таблет од брендот Леново и Самсунг со неверојатниот попуст од 60 отсто, доколку потпишат нов или ќе го обноват својот претплатнички договор.

Македонски Телеком, како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање на повеќе продавници ширум државата. Наскоро се очекува да бидат пуштени во употреба уште неколку реновирани Телеком продавници. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт на продавниците дополнително овозможува единствено корисничко искуство.

Претходна статијаMi Water Purifier – Прочистувач за вода од Xiaomi
Следна статијаMicrosoft ја започната кампањата за Windows 10