aokp-cyanogen

CyanogenMod и AOKP (Android open kang project) се двата најпознати Custom ROM оперативни системи за Android мобилните телефони. За тие што не се запознаени, Android оперативниот систем е со отворен код, односно open source, што значи дека секој кој што сака може да го преземе и да го менува според сопствените потреби и замисли. Ова овозможи достапност на повеќе изменети верзии на Android кои што корисниците може да ги симнат и инсталираат за достапните телефони.

AOKP проектот е основан од тогаш студентот Roman Birg и прераснува во еден од најкористените ROM-ови од Android корисниците. CyanogenMod е можеби и повеќе користен од AOKP, па без разлика кој е на прво место, овие два се меѓу најкористените. Програмерите од CyanogenMod решаваат да ја официјализираат работата преку формирање на компанијата Cyanogen Inc. Сега во таа компанија ќе се приклучи и Roman Birg, кој што како што напиша на својот Twitter, нема да престане да придонесува и за развојот на AOKP.

Alright, so before any rumor mills start: yes, I will be joining @CyanogenInc – and no I will not stop contributing to AOKP.

Ќе биде интересно да се види што ќе донесе во новиот тим, посебно поради тоа што AOKP има повеќе функции од CyanogenMod ROM-от, па можно е некој од тие да бидат имплементирани во него. Без разлика на тоа, сепак ова се добри вести за развојот на посебните ROM-ови кои што се доста популарни, посебно поради пренетрупаноста на оперативните системи на основа на Android од големите производители како Samsung, со непотребен софтвер и кориснички интерфејс што бара големи ресурси, нешто непотребно за голем број на корисници. Покрај овој факт, Custom ROM системите се познати поради нудењето на повеќе функции од основното Android искуство од Google, како и поголема контрола на одредени прилагодувања што не се достапни преку официјалните верзии, како што е менување на работата на процесорот и слично.

Претходна статијаMicrosoft SkyDrive се преименува во OneDrive
Следна статијаСо нов уред од МИТ до поголемо искористување на сончевата енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.