101654c4lu6cm7mmdy4wlm

Microsoft и Xiaomi договорија проширување на партнерството помеѓу двете компании со договор за вклучување на Microsoft апликации во Android уредите на втората компанија.

Се работи за апликациите Word, Excel, PowerPoint, Outlook и Skype, кои како и да е им се достапни на корисниците преку Play Store, но сега ќе доаѓаат пред инсталирани на одредени Mi уреди од компанијата.

Уредите на кои ќе бидат пред инсталирани овие апликации ги вклучува Mi 5, Mi Max, Mi 4s, Redmi Note 3 и Redmi 3, а праксата ќе започне да се применува од септември оваа година.

Ова не е прв ваков договор од страна на Microsoft кои во ситуација на многу мал пазарен удел на нивната мобилна платформа, логично се насочија кон што поголема достапност на нивните сервиси и апликации на поголемите платформи. Xiaomi е еден од најголемите производители на мобилни телефони во светот, а исто така претставуваат и добар начин за влез на источниот пазар.

„Возбудени сме што ќе работиме блиску со Microsoft на широко партнерство за технолошка соработка“, изјави Шианг Ванг потпретседател во Xiaomi. „Како што се гледа од овој договор со Microsoft, Xiaomi сака да изгради одржливи, долгорочни партнерства со глобалните технолошки лидери, со главната цел да им се овозможи најдоброто корисничко искуство на нашите Mi фанови.“

Обично корисниците не реагираат најпозитивно кога нивниот телефон доаѓа со пред инсталирани апликации, посебно кога истите се достапни во продавницата за апликации, па доколку им се потребни можат самите да ги инсталираат. Сепак, не ретко ова е и добра стратегија за проширување на достапноста на одредени сервиси.

Извор: Xiaomi

Претходна статија„Компјутер Ранец“ се новиот вид на гејмерски машини за VR игри
Следна статијаMIT преку технолошка „финта“ до далеку поефикасни сончеви ќелии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.