(Скопје, 14 мај, 2018) – Новиот договор за дистрибуција помеѓу Телеком Србија и SES Video лансира нов телевизиски пакет ширум Европа преку орбиталната позиција 23,5 степени источно.

Со новиот повеќегодишен договор кој го објави SES денеска, Телеком Србија го изнајми сателитскиот капацитет на ASTRA 3B со цел дистрибуирање на новиот ТВ пакет за кабелски и IPTV мрежи низ цела Европа, со фокус на Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Македонија и Црна Гора. Новиот телевизиски пакет првично ќе содржи седум телевизиски канали, меѓу кои и Агро ТВ, Филм Клуб, ТВ кујна, Стар ТВ и Женска ТВ. Во текот на летото ќе бидат додадени уште три дополнителни канали.

„Ова е значаен чекор за нас, бидејќи сега ги пренесуваме нашите локални и регионални содржини во Европа преку мрежите на нашите партнери”, рече Маријана Вукасиновиќ, раководител на Менаџмент со содржини во Телеком Србија. „Овој телевизиски пакет за гледачите низ цела Европа ќе понуди разни српски и регионални ТВ програми. Ние работевме со СЕС на многу различни проекти во текот на годините, и не можевме да помислиме на подобар партнер на кој ќе се потпреме”.

„Навистина сме среќни што соработуваме со Телеком Србија на проширувањето на нивниот видео-бизнис преку обезбедување висококвалитетни радиодифузни сервиси”, рече Мартин Орнас-Кубацки, Потпретседател за продажба во Централна и Источна Европа, на SES Video. „Овој договор е уште еден чекор кој ја зајакнува соработката со нашиот долгогодишен партнер во Србија, додека работиме заедно за да лансираме сосема нов ТВ пакет во Европа”.

Претходна статијаInstagram го претстави Emoji Slider – нов начин за „анкетирање“ на пријателите
Следна статијаXiaomi го претстави Redmi S2 – двојна задна камера, AI селфи камера и ниска цена како и обично