Screenshot 2015-04-24 10.44.49

Веќе одреден период можеме да прочитаме дека Nokia планираат да го продадат делот од компанијата кој што работи на развој на познатите HERE мапи. Овие апликации кои што одреден период беа ексклузивно достапни на Windows Phone, сега се достапни и за корисниците на Android и iOS.

Гласините дека Nokia размислува да ги продаде HERE мапите предизвикаа коментари дека Microsoft ќе сака да ги купи, со оглед на нивната популарност на нивните платформи.

Меѓутоа, според информациите кои што доаѓаат од Bloomberg, Microsoft не се споменува никаде. Како и обично, од луѓе запознаени со работите кои што сега остануваат анонимни, Nokia веќе контактира со повеќе компании за нудење на HERE делот од нивната компанија.

Во листата на компаниите со кои што Nokia наводно контактира влегуваат Apple, Amazon, Alibaba, Baidu, па дури и одредени германски компании од автомобилската индустрија.

Вредноста по која што Nokia ги нуди мапите се верува дека е некаде околу 3 милијарди долари, вредност која што е доста помала од кога компанијата ги купи во 2008 година за 8.1 милијарди долари.

Причините поради која што се верува дека од компанијата сакаат да се ослободат од овој дел од бизнисот се слабиот профит, а и концентрирањето во производството на мрежна опрема и опрема за мобилните мрежи.

Nokia стана најголемиот играч на пазарот по купувањето на Alcatel-Lucent минатата недела за 15,6 милијарди евра. Овие две компании ќе се спојат до идната година и ќе станат најголемата компанија на пазарот од оваа област во конкуренција со Ericsson и Huawei.

Што се однесува до можноста за HERE мапите да ги купи Apple, тоа е нешто што воопшто не би било невозможно. Apple веќе нудат сопствено решение за мапи кое што стана познато по грешните насоки при навигација, како и грешните ознаки на одредени места. Вклучувањето на едно решение како HERE, дефинитивно може да ги направи Apple мапите многу подобри и конечно да почнат да им конкурираат на Google Maps.

Извор: Bloomberg, TechnoBuffalo

Претходна статијаПрв меѓународен Drupal Camp во Македонија
Следна статијаКако да го вклучите новиот проѕирен плеер на YouTube
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.