withings-thermo

Финскиот гигант полека почнува да се буди од двегодишниот сон – сега е на насловните страници со купувањето на Withings за 191 милион долари, производител на фитнес тракери, паметни часовници и медицински мерачи и помагала, како на пример дигитални апарати за мерење притисок, температура и сл.

Она што прво паѓа на памет со купувањето на оваа компанија е дека Nokia сака да влезе во светот на паметните часовници. Секако, тоа е точно, но само делумно, бидејќи сликата зад ова е многу поголема. Имено, Nokia сака да направи цел еко систем за следење на организмот, односно здравјето на корисникот кој ќе се вика WellCare.

WellCare ќе биде сличен на Apple HealthKit и ќе користи најразлични уреди за да детално го следи секојдневното однесување на организмот на корисникот и потоа ќе може да даде инсајдерски информации на пациентите, но исто така и на нивните доктори за нивното здравје.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Од Nokia велат дека тие веќе две години работат на ова, но купувањето на Withings ќе им овозможи директен влез на пазарот. Интересно, Withings во почеток ќе продолжи да работи под истото име, односно тие ќе го држат целиот бизнис за дигитално здравје внатре во Nokia, но како и секогаш, може да очекуваме дека финскиот гигант во иднина ќе го користи своето име зад сите овие производи.

Финците (за разлика од многу други аквизиции на компании) исто така ветија дека ниту еден 200-те работници од Withings нема да биде отпуштен, односно Nokia дури и ќе вложи во понатамошен развој, што во превод значи и отворање на нови работни места.

Извор: Engadget, 9to5Mac, Nokia

Претходна статијаВештачка Интелигенција од Microsoft препознава што има на вашата фотографија
Следна статијаOne S9 – нов алуминиумски смартфон од средната класа на HTC