Финската влада, преку нивната инвестициска испостава Solidium доби сопственост на 3,3% од акциите на компанијата Nokia. Инвестицијата вредна 844 милиони евра (1 млрд.$) е направена во насока на зајакнување на финското влијание на полето на телекомуникациите.

Во изјава за Reuters првиот човек на Solidium истакнува дека Nokia е најголемата финска компанија и дека учеството на државата во раководењето со компанијата е од голема важност. 3,3% од вкупниот број на акции се сосема доволен темел за во иднина Solidium или финската влада да очекува раководна позиција во компанијата. Гигантот кој некогаш генерираше дур 4% од вкупниот БДП на финската економија денеска е бледа сенка на самиот себе.

Големината на оваа компанија се согледува од фактот што финскиот пензиски фонд е директно зависен од нејзиното постоење. Имено, пензискиот фонд поседува акции во практично идентична вредност како оние кои ги купи Solidium. Nokia својот статус го заслужи по производството на мобилните уреди кои се одликуваа со неверојатен квалитет. Денес главниот фокус на компанијата се телекомуникациските услуги. На тој пазар главни конкуренти се Ericsson од соседна Шведска, како и кинескиот Huawei.

ИЗВОРVenture Beat
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаМакпетрол ја промовира “Верна повторно наградува” наградната игра
Следна статијаДали Apple планира да претстави нов iPad?