NICE
Media: NICE Alliance

Компаниите Foxconn, Nikon, Scenera, Sony Semiconductor Solutions Corporation и Wistron постигнаа договор со кој се обврзуваат да развијат компатибилен софтвер наменет за паметните камери. Договорот помеѓу компаниите е именуван како Network of Intelligent Camera Ecosystem (NICE) Алијанса.

Главните цели на Алијансата сe подигање на стандардите и изградба на инфраструктура за чување на податоци по принципот на cloud. Материјалите снимени преку камери кои ќе го исполнуваат стандардот на Алијансата ќе бидат чувани под енкрипција. Всушност целта е да се синхронизираат софтверите со чија помош функционираат камерите од најголемите произведувачи на вакви уреди.

Ваквата унификација ќе значи подобрување на корисничкото искуство. Поврзувањето на софтверите преку кои оперираат паметните камери ќе ѝ овозможи на ВИ поголем број податоци за анализа, што во крајна линија ќе помогне софтверот побрзо да научи да прави разлика помеѓу предмети и поквалитетно да идентификува.

Стандардите се очекува да бидат утврдени до крајот на годинава. Доколку се се одвива според планот, јавноста ќе може да го види нивниот прв производ веќе наредната година.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2NICE Alliance
Претходна статијаПогледнете ја првата реклама за Samsung Galaxy S9
Следна статијаGoogle ја промовираше Hangouts Chat платформата