Screenshot 2014-04-28 16.32.53

Како што информиравме, договорот за купување на Nokia од страна на Microsoft беше официјализиран минатиот петок после повеќе од 8 месеци на процедури и одобренија од повеќе институции. Сега Nokia, односно делот за уреди и сервиси е дел од Microsoft, заедно со 25.000 вработени во компанијата. Името на Nokia ќе биде променето во Microsoft Mobile, а Microsoft се има обврзано да го одржува Nokia.com доменот заедно со социјалните сметки во наредните година дена.

Во продолжение можете да ја видите најновата реклама за Nokia, која што е првата од станувањето на компанијата дел од Microsoft. Од неа може да се види дека целта е уредите и оперативниот систем да бидат претставени како различни од она што повеќето луѓе денеска го користат, па од тука доаѓа и името „не како и секој друг“.

Претходна статијаПаркинзи направени од соларни панели
Следна статијаГрупните видео повици на Skype бесплатни за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.