1vo mesto

Викендов Охрид беше центарот на технолошките случувања во Македонија и регионот. Со проширена агенда и по 4ти пат, се одржа технолошкиот настан Codefest, кој овојпат опфати еднодневна конференција со 23 реномирани имиња како гости-предавачи и панелисти, а потоа, во следните два дена, се одржа традиционалниот и интернационален програмерски маратон на кој учество зедоа 32 селектирани тимови од 54 тимски апликации од целиот свет, кои се натпреваруваа со свои идеи, и непрекинато во текот на 32 часа, работеа на демо верзии на своите продукти. Тимовите беа поддржани од релевантни наши и светски експрети – ментори од повеќе области.

Со свечена церемонија, во неделата беа прогласени најдобрите тимови на Codefest Marathon 2016. Награди беа доделени во неколку специјални категории од страна на активни чинители во нашата ИТ и бизнис индустрија, како и во стандардните Codefest категории.

Победник на Codefest Marathon 2016 е тимот Dream Killers, кој работеше на социјална платформа за готвење и споделување храна и совети за храна. Второ место освои тимот Codefencers со апликацијата Easy Bike, паметна платформа за користење на велосипеди. Трето награден беше тимот ABI, со софтверска платформа за закажување термини и локации за состаноци од различен карактер, на соодветно место и во соодветно време. Покрај прво нагредените, Codefest категориите на награди опфатија и најдобра иновација, идеја со најголем бизнис потенцијал, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн и кориснички интерфејс, итн.

Наградниот фонд на Codefest Marathon 2016 беше обезбеден преку бројни соработки со истакнати и општествено одговорни организации од Македонија и странство, кои ја препознаваат големината на настанот и мотивацијата од настанот да произлезат следните успешни приказни на меѓународно ниво. „Идеите не познаваат ниту граници на држави, ниту умствени граници. Којзнае, можеби следното големо нешто ќе произлезе токму од овде“, изјавија организаторите на настанот.

На добитниците, наградите ќе им овозможат внимателно избрани пакети за учество на светски настани, како и акцелераторски и инкубаторски програми со цел идеите на тимовите да дојдат до крајна реализација и да ги добјат своите први инвестиции. Дел од институциите кои обезбедија награди за тимовите се: Impact Hub, SEEU TechPark, Seavus Incubator, Телеком, WebSummit, Startup Istanbul, Spark.me, Tech Open Air Berlin, и многу други.

„Учеството на Codefest е одлична можност за нас да научиме и да се поврземе со технолошки експерти, ментори и други учесници. Исто така, ни помогна и да ја подобриме нашата бизнис идеја и да ја направиме вредна и уникатна. Ова е фантастична можност за секој кој е дел од Codefest и охрабруваме уште повеќе луѓе да се пријават за учество во иднина“, изјави Tumsime Kondo, член на тимот Black Hat кој освои награда за најдобра иновација.

Претходна статијаOLO е 3D принтер за вашиот смартфон кој чини само 99 долари
Следна статијаApple го освежи MacBook со побрзи и поштедливи Skylake процесори