Сеавус Инкубатор во соработка со  Мајкрософт Македонија ги канат сите ИТ стартапи на првата презентација на програмата БизСпарк“ во среда од 17:30 часот во просторите на инкубаторот.  

Програмата која е започната на глобално ниво пред неколку години, за првпат оваа година е достапна за македонските стартапи, кои можат да добијат бесплатни лиценци од Мајкрософт.

„БизСпарк“ програматата има за цел технолошки да им помогне на Стартапите за да може да ги остварат своите цели во најкраток период и да ги поврзе со Сеавус Инкубатор и Стартап Македонија кој ќе им помогнат во растот, а со тоа ќе се стимулира и иновативен локален еко-систем.

На настанот ќе говорат: Нина Синџија, менаџер за информирање на корисници во Мајкрософт, за придобивките од програмата и успешните проекти со останатите Стартапи од регионот; Даниел Данаиловски, P-seller во Мајкрософт, за „Азуре“; и Игор Изотов од Сеавус Инкубатор за помошта од овие програми во рано лансирање на продукти или услуги на пазарот.

***

За Сеавус Инкубатор:

Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи, дигитални уметници и медиуми. Во Инкубаторот се менторираат идеа, се обезбедува инфраструктура и ресурси за идните успешни стартапи.

Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

За Мајкрософт Македонија:

“Мајкрософт” – Македонија е основан во 2004 година. Уште од основањето пред повеќе од 10 години, својот успех го темели врз успехот на иновативните компании во Македонија. “Мајкрософт” – Македонија соработува со Влада на РМ, со невладини организации и со приватни бизниси, помагајќи им да се забрза економскиот пораст и овозможувајќи ја иновативноста кон младите претприемачи. Критичен двигател за овие цели е полиференцијата на технологиите во облак како Azure и Office365. “Мајкрософт” – Македонија тесно соработува со Microsoft партнерската мрежа во која од основањето членуваат повеќе од 150 компании од ИКТ- секторот.

“Мајкрософт” – Македонија ја следи глобална визија на “Мајкрософт” да се потикне секој човек и организаија да постигне повеќе.

Претходна статија10 промени во корисничкиот интерфејс кои доаѓаат со Creators Update за Windows 10
Следна статија10 книги кои ќе оживеат на телевизија во 2017