Build конференцијата на Microsoft наменета за дивелоперите наредната година ќе се одржи малку покасно од досегашните конференции, во месец Мај, од 10-12 во Сиетл. Ова е скоро сигурно направено бидејќи Microsoft има да прикаже многу новитети на оваа конференција, меѓу кои е и Redstone 3 надградбата за Windows 10, која ќе донесе позначителни промени во оперативниот систем.

Redstone 3 нема да донесе само функционални промени, туку ќе има и нов дизајн, наречен Project NEON. Ова ќе биде многу пофутуристички дизајн од досегашниот и истиот е веќе во развој од страна на Microsoft. Очекувајте многу похрабри бои за елементите во Windows 10, кои како што кажува името ќе потсетуваат на неон светла. Со овој потег, Microsoft дефинитивно ќе ги задоволи критиките на корисниците на кои моменталниот дизајн им е премногу едноставен.

Оваа Build конференција би требало да биде особено возбудлива, бидејќи Microsoft штотуку најави дека Windows 10 ќе може да работи и на ARM чипови. Ова отвора многу нови можности за дивелоперите, бидејќи 10-ката ќе биде најотворената платформа за развој на нови програми и апликации во светот кога е во прашање хардверот на кој може да работи. Исто така, Linux ќе може целосно да функционира во Windows 10, што е особено голема вест за веб дивелоперите.

Пред Build конференцијата, Microsoft ќе ја претстави Redstone 2 надградбата, која официјално ќе биде пуштена во Март наредната година. Се уште нема информации за тоа кога ќе ги видиме новите Surface уреди, но тоа не би требало да се случи токму на Build – Microsoft Inspire конференцијата ќе се одржи во Јули, каде многу од партнерите на Microsoft исто така ќе можат да претстават свои уреди. Многу од нив сигурно ќе бидат со ARM чип.

Извор: MS Power User, The Verge, ZDNet

Претходна статијаЗголемување на продажбата на електрични возила во 2016
Следна статијаBluetooth 5 има двојно поголема брзина, четири пати поголем опсег