Во Скопје Хаб денеска започна шестото издание на Стартап Викенд Скопје. По краткото претставување, присутните беа поделени во групи кои ќе работат на теоретски идеи.
Овие идеи потоа ќе бидат презентирани, а останатите ќе гласаат за најдобрите.
Ова претставува еден вид на симулација на започнување на еден стартап, се разбира од се разбира првиот чекор, идеата и нејзината презентација.
Настанот ќе трае до недела.