15-210-sls

Системот наречен Space Launch System од NASA конечно го стекна одобрувањето критична дизајн рецензија (critical design review). Тоа значи дека (најверојатно) SLS ќе биде изграден за испраќање на човечки мисии на Месечината и Марс.

Соодветно на тоа бојата на ракетата е т.н. „изгорен портокал“ т.е. темнопортокалова. Сепак, не е тоа главната причина за нејзината боја туку природната боја на изолацијата која покрива клучни делови од првата фаза на ракетата. Бидејќи за префарбување со бела ќе требало да се потрошат околу половина тон боја, управителите одлучиле да ја напуштат таа идеја и да ја остават оригиналната. Со ова тие заштедиле околу половина тон тежина која може да се наполни со покритичен товар. Воедно, ние може слободно да кажеме дека бојата одговара на марсовото руменило.

Инаку, поминувањето на критичната дизајн рецензија значи дека е одобрен дизајнот на ракетата по поминување на тестови кои имаат за цел да ја тестираат безбедноста, ефикасноста и способноста да ја оствари својата мисија, а тоа е да однесе човекова мисија подалеку од ниска земјина орбита. Со овој дизајн SLS ќе има способност да однесе до 4 астронаути во леталото Orion (кое пак ја помина својата рецензија пред неколку месеци).

Првиот вистински лет на SLS со човечки екипаж треба да се оствари во 2023 година, по што треба да следи мисија на Марс во 2030-тите години на овој век. Ако некогаш помислевме дека е лудо да присуствуваме на таков епски момент за човештвото како први човекови чекори на Марс како што тоа го доживеале луѓето во 1969 година за Месечината, сега тоа станува се’ поверојатно, а SLS веројатно ќе биде дел од истото.

Извор: The Verge, Universe Today

Претходна статијаВработени во Google живеат – во Google?!
Следна статијаBeddi – Модерен будилник кој се поврзува со паметниот телефон