Сигурно сте се запрашале која е најбрзорастечка професија кај нас или општо во светот. Ние го имаме одговорот на тоа која е најбрзорастечка професија во САД, тоа е сервисер за ветерници. Модерниот начин на живот не доведе до ситуација да мора брзо да изнајдеме решение против загадувањето на воздухот. Едно од тие решенија е секако обновливата енергија, што значи искористување на моќта на ветерот во наша полза.

САД е една од водечките држави во областа на иновациите, па одтука тие се меѓу првите земји кои што почнаа со солидно искористување на ветерот со цел производство на електрична енергија. Моментално имаат капацитет од повеќе од 70 GW енергија добиена од многубројни турбини на ветер поставени низ целата територија на земјата.

Сето ова доведува до недостаток од работна сила која редовно ќе ги одржува инсталираните генератори. Токму затоа сервисер за ветерници е најбрзорастечка провесија во САД. Се очекува трендот на раст да продолжи и во иднина, на пример помеѓу 2014 и 2024 да порасне за цели 108 проценти.

Од една страна работата не е воопшто лесна. Покрај знаењето и добрата техничка поткованост што секој работник мора да ја поседува, тука мора да се земе во предвид и опасноста која ги демне работниците кои се качуваат на висини и над 90 метри. Од друга страна пак, платите кои ги земаат овие сервисери лесно може да достигнат и над 50.000 долари годишно, што ги прави едни од најдобро платените работници во државата. Заслужено се разбира.

Извор: RenewableEnergyWorld, Bls.Gov

Претходна статијаSamsung ќе лансира Harman Kardon звучник со вградена Cortana
Следна статијаAMD го лансира првиот Ryzen процесор со 8 јадра и работен такт 3,4 GHz – и да, Intel треба да биде загрижен